Неврологија доби донација од медицинска опрема од СЗО

од Берта Китинска
115 прегледи

Mинистерот за здравство Венко Филипче соопшти дека Клиниката за неврологија денеска доби 25 монитори за следење на виталните параметри на пациентите.

-Клиниката за неврологија денеска доби 25 монитори за следење на виталните параметри на пациентите, 50 пулс оксиметри и 50 инфрацрвени термометри од Светската здравствена организација. Станува збор за донација во висина од 2,5 милиони денари и истата ќе биде од голема помош за установата. Упатувам огромна благодарност до СЗО, за целиот овој изминат период на помош и поддршка при справувањето од КОВИД-19 вирусот. Да ги почитуваме препораките на СЗО и да излеземе заеднички како победници од оваа борба, информираше Филипче.

Слични содржини