Незадоволни членови на СОНК се собраа пред седиштето

од Nikola Popovski
308 прегледи

Поголема група синдикалци се собраа пред седиштето на СОНК, незадоволни од објавената одлука на Советот на синдикатот за ставање на штрајкот во училиштата во мирување. Засега не се знае дали тие во текот на утрешниот ден ќе држат настава.

Одлуката на СОНК беше донесена откако до нив стигнало известување од Министерството за труд и социјална политика дека Министерството за образование и наука е подготвено за мирно решавање на спорот.

-Ние сме легалисти и ги почитуваме законите. Од таа причина додека трае периодот на помирување и решавање на спорот меѓу двата табори, штрајкот ќе се стави во мирување. Извршивме детална консулатација со повеќе правници, адвокати, судии и ќе мораме да го постапиме согласно законот. Од денеска се додека не се реши спорот. Сме убедени дека во наредните период ќе ги најдеме соодветните заеднички решенија и дека нема да има потреба да го активираме штрајкот. Доколку не се усогласиме со МОН, верувајте и сакам да уверам дека штрајкот повторно ќе биде активиран. Се надевам до тоа нема да дојде и дека со владините институции ќе изнајдеме решение, кажа претседателот на СОНК, Јаким Неделков пред новинарите.

Претходно од СОНК, беше најавен протест за 4. мај и се уште не се знае дали истиот ќе се одржи.

Слични содржини