Незаконски исплати од 120 илјади евра во тетовскиот Центар за социјална работа

Центарот за социјални работи во Тетово се најде во фокусот на сериозен случај со незаконско доделување социјални надоместоци, меѓу кои социјални пензии, надоместоци за туѓа нега и поддршка за лица со попреченост.

од desk4
22 прегледи Фото: МВР

Според досегашните сознанија, во касата на институцијата се вратени околу 120 илјади евра, средства што биле исплатени на лица кои не ги исполнувале законските услови и лажно се пријавувале како корисници.

Во текот на минатата година, Обвинителството во Тетово постапувало против дел од вработените во Центар за социјални работи Тетово, кои биле опфатени со обвиненија. По признавање вина и надоместување на причинетата штета, санкциите што им биле изречени се свеле на плаќање по 18 илјади денари во државниот буџет.

И покрај тоа, дел од лицата инволвирани во случајот денес извршуваат раководни функции, иако, според информациите, немаат овластување за потпишување службени документи. Тие, како што се наведува, често се предмет на дисциплински постапки, но избегнуваат построги последици поради позитивните оценки што ги добиваат од дисциплинската комисија во самата институција.