Незапаметена сцена: На сред трка му испадна половиот орган, го покриваше со рака (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
306 прегледи

Атлетиката можеби е најстара од сите спортови, но и во неа ваква ситуација не се памети.

Алберто Нонино засекогаш си обезбеди место на врвот на листата „Најбизарни спортски несреќи“.

Ништо не предвидуваше дека една трка на 400 метри во десетобој на Светското јуниорско првенство ќе стане антологиска, но навистина ќе се раскажува уште долго.

Имено, на Нонино наводно му се скинале шорцевите сред трка, па во еден момент морал да забави со трчањето. Имено, во страв дека неговиот полов орган ќе се види на телевизиите ширум светот, тој ја заврши трката на претпоследното место, бидејќи цело време со раката мораше да го покрива меѓуножјето.

Очекувано, снимата од трката брзо стана хит.

Новинарот Давид Санчез де Кастро подетално го запознал светот со бизарниот инцидент.

„Можеби не објаснив добро. Неговиот пенис му избега на страната на шорцевите и мораше да го покрива што му оневозможуваше нормално да трча бидејќи таа работа се движеше лево-десно“, рекол Де Кастро.

Слични содржини