Пандемијата предизвикана од коронавирус можеше да биде запрена, ако се реагираше подобро, според истражувањето спроведено од Независниот панел за подготвеност и одговор на пандемијата (Independent Panel for Pandemic Preparedness and Response)
„Независниот панел најде слаби врски на секоја точка од синџирот на подготвеност и одговор. Подготовката беше неконзистентна и недоволно финансирана. Системот за предупредување беше премногу бавен – и премногу благ. Светската здравствена организација (СЗО) немаше доволно сила. Одговорот ги влоши нееднаквостите. Недостасува глобално политичко лидерство “.
Ова е резиме на заклучоците донесени од страна на Панелот.
Примарната одговорност паѓа на Кина затоа што Панелот наведува: „Лекарите на клиниките во Вухан, Кина, на крајот на декември 2019 година набрзина забележале необична група на пневмонија од непознато потекло. Формалното известување и прогласувањето вонредна состојба, во согласност со меѓународните здравствени регулативи, беше премногу бавно за да се генерира брз и превентивен одговор неопходен за запирање на нов респираторен патоген. Скапоценото време е изгубено “.
Според наводите, вонредна состојба требало да биде прогласена на 22 јануари или порано, а не да се чека до 30. Нагласено е дека ограничувањата за патување требало да бидат поставени многу порано, што би го забавило ширењето на вирусот. И дека прогласувањето на пандемијата на 11 март беше предоцна.
Панелот се обидува да научи од ова дека во иднина, „пристапот на претпазливост ќе биде главна одредница за дејствување од самиот почеток, имајќи предвид дека респираторните заболувања можат да се шират од личност до личност, освен ако не се утврди поинаку“.
Потоа, панелот наведува дека премногу земји зазеле позиција „чекај и гледај“ наместо да подготват агресивна стратегија за спречување на инфекцијата, а истовремено да се исмеваат научните факти што довеле до катастрофални резултати.
Панелот кој го изработува извештајот на барање на СЗО, повикува на радикални промени во кои светските лидери заедно ќе ги надгледуваат подготовките за одбрана од пандемија што ќе осигури обезбедување на финансии и алатки неопходни за тоа.
Тие објаснуваат и дека Кинезите на време го идентификувале вирусот во Вухан кон крајот на 2019 и меѓународно го пријавиле, меѓутоа системите кои требало да ја валидираат и да алармираат околу заканата биле премногу бавни.
Самите правила на СЗО кои ја уредуваат процедурата за алармирање на светот ја имаат успорено глобалната реакција на пандемијата, и според панелот, глобална вонредна состојба требала да се прогласи уште на 22 јануари наместо на 30 јануари.
Освен ова Г7 државите мора да обезбедат најмалку 60% од 19-те милијарди долари неопходни за вакцини, лекови, тестови и засилување на здравствениот систем, а останатите 40% треба да дојдат од Г20 и останати богати држави. Во исто време СЗО и СТО мора да ги натераат државите што произведуваат вакцини да го зголемат производството, а ако ништо не се случи тогаш треба на сила да стапи привременото суспендирање на патентите.