Независната пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ апелира Судот да го испочитува Законот за амнестија

од desk2
96 прегледи

Во врска со настаните од 27-ми Април, за кои во моментов се води судски процес, а кој беше дел од процесот за помирување преточен во Закон за Амнестија.


Со жалење констатираме дека, денес Јавното Обвинителство во текот на завршното обраќање не ги испочитува одредбите од член 1 од Законот за Амнестија, каде многу прецизно е дефинирано за какви дела треба да продолжи судскиот процес. Од таа причина сакаме да истакнеме дека почитувањето и спроведувањето на законот е императив за владеење на правото.

Затоа апелираме до Судот доследно да ги испочитува одредбите од Законот за Амнестија, со оглед на доказите кои беа изведени во текот на судскиот процес, велат од Независнта пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.