Независни Грци нема да учествуваат на предвремените парламентарни избори во Грција

од desk2
72 прегледи

Националниот совет на Независни Грци на денешниот состанок едногласно реши партијата да не учествува на изборите на 7 јули, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката доаѓа откако поранешниот коалиционен партнер во грчката влада, на европските избори пред две седмици освои само 0.8 отсто.

-Независни Грци и јас, денеска, решивме да ја соопштиме нашата одлука да не учествуваме на парламентарните избори што ќе се одржат следниот месец. Го слушнавме гласот на грчкиот народ. Моја должност е да продолжам да му служам на грчкиот народ. Ќе продолжам да бидам активен, рече Панос Каменос во неговото обраќање по состанокот на националниот совет на партијата.