Ние преговараме со ЕУ, не со Софија, вели премиерот

од Vladimir Zorba
261 прегледи

„Ние преговараме со ЕУ, не со Софија. Тоа треба да го разјасниме. Тие нека си зборуваат таму во делот на Бугарија, во делот на обезбедување на нивно мнзоинство во паралмент итн“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“ на Канал 5.

Тој додаде дека често пати изјавите од бугарските политичари се резултат на долготрајната политичка кампања во таа држава.

„Ние ги исполнуваме нашите обвррски во преговарачката рамка. Еден од условите е и вметнувањето на други делови на народи во нашиот устав. Ќе влезат и Црногорците и Хрватите и Евреите ќе бидат предлог итн. Ова е прв пат во историјата блокадата да не доаѓа од надвор туку од внатре“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има неконзистентни ставови по ова прашања и еднаш пред премиерот на Бугарија го поддржува Договорот за добрососедство, на бугарски јазик, потоа не го поддржува.

„Второ, кога дојде премиерот Петков кажаа дека уставните измени не се проблем за нив, за да утредента каже не поддржувам уставни измени. После тоа вели, ќе дадам оставка ако и еден пратеник гласа за уставните измени, па писмени изјави им бараше и кажа дека по никоја цена нема да има уставни измени. За да после каже по хрватскиот модел може да има уставни измени и за да на крај во овој парламентарен состав нема да има уставни измени“ рече Ковачевски.

Слични содржини