Владата засега не планира да го зголеми буџетскиот дефицит, ниту да преземе активности за нови задолжувања, изјави на денешната прес конференција премиерот Христијан Мивцкоски.
Тој во одговор на новинарско прашање рече дека во условите на криза предизвикана од војната во Иран, засега не планираат да го зголемат буџетскиот дефицит, бидејќи приходите во првиот квартал од годината се во рамки на планираните. Тој рече дека доколку има потреба ќе се зголеми тој буџетски дефицит, бидејќи кризата ќе има продолжен ефект и отако ке завршат воените дејства.
-Сега буџетскиот дефиците е 3,5 проценти од БДП, дали ќе го зголемиме ќе зависи од приходите во буџетот. Ако има потреба да се зголеми буџетскиот дефицит ќе кажеме да има потреба од зголемување, од 3,5 на 4 проценти, изјави Мицкоски и додаде дека кога дошле на власт Владата затекнала дефицит од 4,5 проценти, кој успеале да го намалат за еден процент.
Тој објасни дека ако од буџетскиот дефицит се тргнат трошоците за камати за претходно земените кредити, имаме стабилна ситуација на дравниот буџет.
-Ние сме една од стабилните економии за разлика од другите држави во регионот, каде агенциите им предвидуваат негативен тренд, изјави Мицкоски.
Порача дека буџетот е ликвиден и покрај обврската за враќање на долгот од 2,5 милијарди евра.
-Имаме 900 милиони кои треба да се презапишат и тие се обезбедени и веќе се презапишуваат во зависност како се аукциите. Имаме 700 милиони обврзаница која сега во април треба да ја вратиме за што издадовме еврообврзница и добивме најниски камати, и во неа запишаа огромни мултинационални компании 200 милиони евра, изјави Мицкоски и додаде дека сега буџетскиот дефицит изнесува меѓу 600 и 650 милиони евра заедно со каматите од претходните задолувања.
Премиерот појасни дека засега не планираат ново задолжување и дека до тоа ќе дојде само ако се случи да треба да се зголеми буџетскиот дефицит. Тој изјави дека веќе имаат обезбедено од каде би позајмиле пари, а на прашањето дали повторно е можен кредит држава од држава, рече дека и таква опција постои.
-Од Унгарија не. Има и такви опции да се земе кредит држава од држава. Не е важно сега. Ќе се донесе одлука која ќе биде најдобра. Нема да донесеме одлука која ќе биде погрешна. И домашните банки се опција и меѓународни банки се опција, се што ќе ни обезбеди најдобри услови е опција, а секако ќе ги земеме најниските каматни стапки, изјави Мицкоски.