Се вели “ниту лев ниту десен”. Во принцип кога за некого се вели дека не е ниту лев ниту десен, тоа значи дека е десен. Или, најмногу – од центарот, што најчесто не е ништо друго освен другото име на десното со прикажување од 30 години политички живот во Франција.

Но, прво, што се означува во политиката со лево и десно. Овие два концепти се родени во Франција, од топографската позиција на аристократијата и третиот сталеж за време на Генералните Држави / врховен орган на државната власт во Франција од XIV до XVIII век. Последователно Национално собрание / во пролетта 1789 година благородниците седеле оддесно на престолот на кралот, кое било нивна привилегија, оставајќи ја левата страна за третиот сталеж, а центарот за свештенството. Оттогаш двата концепта се глобализираат.
Со истата дефиниција, иако таа секогаш да е адаптирана кон околностите во секоја одделна земја: Од лево е оној кој сака, како третиот сталеж пред повеќе од два века, да ги укине привилегиите. Од десно е оној кој сака тие да се задржат, како што сакале благородниците. Што сепак се има предвид под привилегии? Зборот очигледно е променет со времето и местото и своето значење. Привилегии значат придобивки без легитимни основи за добивање .
DW: Сметката на Вучиќ се оствари
Во САД, очигледно, тоа е прекумерното или наследено богатство. Во Велика Британија – тоа на земјишните сопственици или на финансиерите. Во Франција денес може да се смета за привилегии и богатството стекнато или преносрно наследство? Даночните олеснувања или статусот на пратениците? Културниот капитал на семејствата на професорите? Специјалните бенефиции на пензионерите? Според мое мислење – да, бидејќи тие не се достапни за сите, дури и со големи напори.
Привилегиите се пречка за доброто функционирање на општеството. Тие ја попречуваат социјалната мобилност. Тие го ограничуваат секој во ќелијата на неговото раѓање. Тие не поттикнуваат ниту кон напор, ниту кон создавање. Може да се сметаат за левичари сите кои сакаат да ги доведат во прашање овие привилегии и како десничарски сите кои сакаат да ги сочуваат.
Во таа смисла, веќе 30 години Франција се управува само од луѓе од левицата, дури и да се дефинираат како левичари, со мали исклучоци. Ние всушност дури сме биле управувани само од десничари од левицата и од десницата од десницата. Бидејќи ниту една привилегија не била оспорена. Бидејќи никој не побарал да го направи тоа. Бидејќи заедничката програма и на левицата, и на десницата била “да не се дејствува” – омилена на Лао Цу.
Тогаш што би значело да се делува во Франција во 2017. За десната левица, тоа би било да се елиминираат сите привилегии, како што веќе сакале и некои благородници во 1789. За левата левица – тоа би значело да се дадат овие привилегии на сите .
Според мое мислење, една навистина модерна политичка програма, би требало да даде на сите привилегии, кога тие можат да бидат финансирани, како што е пристапот на сите до писменост и култура, до безбедност, здравство, постојано едуцирање и до живеалиште, како и да се отстранат сите пречки кога е економски невозможно да бидат обезбедени на сите / статусот на пратениците, посебните услови при пензионирање или Автомобил од секаков вид /.
Ако се мисли на овој начин, треба да се вели дека не е “ниту лев ниту десен”, туку “лев од десницата, и лев од левицата”. Непотребно е да се вели дека е потребна голема храброст за да го сакаш и педагошкиот талент за да се убедуваш во тоа. И кога времето е дојдено, односно најдоцна во мај 2017 година ќе биде потребено многу самоодрекување, за да го направиш тоа. Моментот на вистината наближува. И дури, според мое мислење, е поминат. Па со нетрпение чекам да бидат извадени концепти и да бидат изложени програми. / БГНЕС
———
Жак Атали е француски економист, финансиер и филозоф. Во 1991 година станува основач и прв шеф на новата Европска банка за обнова и развој. Автор е на романи, есеи и монографии, меѓу нив се издвојува книгата “Евреите, светот и парите”,