Трикратниот светски шампион во Формула 1 Ники Лауда најави дека упатил понуда во вредност од 100 милиони евра за 38 авиони на компанијата “Ер Берлин” . Вториот најголем авиопервозвач на Германија прогласи стечај минатиот месец.
Откако главниот акционер во компанијата, превозникот од Абу Даби “Етихад”, даде до знаење дека нема да дава повеќе финансиска поддршка, се дојде до резултати дека за “Ер Берлин” “не може да се очекуваат повеќе позитивни прогнози”, објави компанијата во соопштението. Лауда се здружил со друг германски авиопревозник – компанијата “Кондор”, која пак е во сопственост на “Томас Кук”.
“Ер Берлин” ја продава својата флота на аукција, понудите ќе се усвојат до 25 септември, ден по националните избори во Германија. Во минатиот месец владата на Ангела Меркел одобри заем во висина од 150 милиони евра за компанијата, за да може летната сезона да ја мине по распоред.
Ситуацијата со “Ер Берлин” е многу интересна, бидејќи една од подружниците “Ники” беше сопственост пред години токму на Лауда. Легендарниот тркач има диплома за пилот на авион, а основа неколку компании кои нудат чартер летови. “Ники” беше продадена на “Ер Берлин”, додека “Лауда ер” беше управувана заеднички од пилотот и австриските авиолинии пред да прогласи банкрот во 2013 година Во моментов Лауда има акции од “Кондор”.
Во тендерот Австриецот и партнерите од “Томас Кук” учествуваат за 21 авиони “Ербас” А320 и А321 кои беа користени од “Ники” и уште 17 на “Ер Берлин”.
Запрашан колку е подготвен да плати, Лауда изјави радио ORF во четвртокот: “Многу зависи од тоа какви ќе се покажат деталите, но сега понудата ни е околу 100 милиони евра”. Според “Ројтерс” сепак Лауда ќе наиде на сериозна конкуренција од државниот авиопревозник “Луфтханза”. Тој планира да купи 90 авиони. Друг од учесниците на тендерот е англискиот EasyJet.