За спорт никогаш не е доцна. Тоа го докажа жителка на австралиската држава Квинсленд, која почнала да спортува откако наполнила 54 години, пишува Daily Mail.
Мелиса Хома се прости со 40 килограми од тежината за шест години. Трансформацијата започнала кога мајката на две деца видела своја слика и дознала дека одамна требало да го промени својот начин на живот.
Така Австралијката сфатила колку ѝ пречи високиот холестерол и тоа дека е во преддијабетна состојба. Хома се откажала од вкусните пици и почнала да се храни здраво.
Во почетокот трчала и се занимавала со вежбање во теретана. Австралијката издвојува време за спорт шест пати неделно.
Како резултат жената почнала дури да учествува во натпревари по бодибилдинг. Со својот пример Мелиса сака да ги инспирира и другите жени кои поради работа го игнорираат телото.
