338
Во политичкиот вокабулар и дискурс со јавноста, ниту јас како претседател на Алтернатива, ниту пак највисоките партиски луѓе, никогш не сме кажале тешки зборови за владата, изјави лидерот на новата владеачка партија, Африм Гаши на прес-конференцијата во Клубот на пратеници.
Според него, оваа власта не е совршена, ниту пак мисли дека со нивното влегување ќе се стане совршено.
-Во овој период се соочивме со две опции. Или да одиме на избори и да ги продлабочиме кризите и да ги загубиме шансите за интеграција на земјава или пак да помогнеме нашата држава и граѓаните да и помогнат на власта. Многу е лесно да критикувате. Најтешкото е да ги завртите ракавите и да помогнете, рече Гаши како одговор на новинарско прашање.