Никогаш не сум ги видел Меркел и Макрон упорни, прецизни и јасни, штитејќи ја ЕУ и помагајќи ни нам за да најдеме решение, рече Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање какво било расположение кај едни од главните лидери во ЕУ, на вчерашниот самит кај Крањ.
Премиерот дополни дека ЕУ мора да испорача, па оттаму таквата упорност кај Меркел и Макрон.
-Усвоената декларација е прецизна. Зборува за проширување со сите детали. Но, таа само на лист хартија не ни значи ништо. Стратешка цел и на ЕУ во надворешната политика е Западен Балкан. Макрон и Меркел се пријатели кои сакаат да ни помогнат, вели Заев на прес-конференција.
Тој додаде дека следниот полу-чекор за нас е првата меѓувладина конфереција, а после тоа следува скрининг процесот и отворање на поглавјата.
-Успесте што ги имаме досега се големи и не треба никој да ги омаловажува, ниту да ги оспорува. Секој нареден чекор за нас е огромна добивка, додаде премиерот.