Постојат луѓе кои не се неверни и кои никогаш не би сториле такво нешто додека се во врска. За овие хороскопски знаци не постои флертување со други и скоро никогаш не ги разочаруваат своите партнери. Кога станува збор за верност во врската, овие хороскопски знаци се најверните партнери.
ЈАРЕЦ
Овој знак е еден од најверните. За Јарците неверството е непознат поим. Кога се во врска, тие дури и не размислуваат на некој друг. Токму тоа го очекуваат и од своите партнери. Ако го изневерите Јарецот, не очекувајте прошка бидејќи неверството е целосно спротивно на неговите принципи.
РАК
Раковите се можеби најверните луѓе кои постојат. Тие се плашат од неверство, па затоа никогаш не би повредиле друга личност. Ако врската не е соодветна, поголема е веројатноста да раскинат отколку да го изневерат партнерот.
ДЕВИЦА
Девиците се лојални индивидуи кои имаат свои принципи. За луѓето со овој хороскопски знак, неверството е табу и нешто што никогаш нема да се прости. Ако сте во врска со Девица, можете да ѝ верувате и секогаш да се потпрете на неа. Овие луѓе никогаш не би ја изневериле саканата личност.