Никој не може да верува што рече Трамп кога го прашаа зошто не носи маска (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
265 прегледи

За време на посета на една фабрика на Форд во државата Мичиген, американскиот претседател Доналд Трамп одби да носи заштитна маска, иако носењето маска е задолжително за сите кои ќе влезат во било кој јавен простор во државата вклучувајќи ја и компанијата Форд, пренесува Си-Ен-Ен.

Иако компанијата ја запознала службата за протокол на Белата куќа со овој интерен пропис, од претседателската администрација стиигнал одговор дека Белата куќа има свои безбедносни протоколи и сама одлучува за нив.

Неименуван извор на Си-Ен-Ен тврди дека претседателот одбил да носи заштитна маска само кога во негова близина биле телевизиските камери.

На прашањето зошто не носи маска пред камерите, Трамп одговори дека „нема на печатот да му дозволи да ужива гледајќи го со маска“.

Јавниот обвинител на државата Мичиген, Дана Несел прокоментирала дека доколку во иднина претседателот не носи маска, државата Мичиген ќе бара да не доаѓа во ниту една компанија.