Никол Шерцингер не престанува да игра. Пејачката ги загрева своите обожаватели објавувајќи неколку секси слики од салата во која тренира.
На фотографиите, пејачката нема тешка шминка и е во тесно вежбачко одело што ги оцртува нејзините криви.
Во последните денови, изведувачката е доста активна на социјалните мрежи. Таа ги објавува сопствените фотографии со мотивирачки цитати.
Неодамна, Никол се врати од Обединетите Арапски Емирати, каде што беше специјален гостин на церемонијата на затворање на спортската организација “Специјални олимписки игри”.
Пред неколку дена, Шерцингер објави видеоснимка на социјалните мрежи за да им каже на своите следбеници дека објавила два нови мириси од нејзината колекција на парфеми со нејзино име.

