Реакција на СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски

Никола Груевски доби фактура од единствена Република Македонија. Груевски доби фактура од народот којшто избра нова влада и ќе ја формира, пишува во соопштението-реакција на СДСМ.
Партијата реагира на денешната изјава на лидерот на ВМРО ДПМНЕ кој рече дека „разбира оти СДСМ има добиено голема фактура која ги притиска и за која имаат скапа кирија“.
Во реакцијата СДСМ пишува дека граѓаните масовно гласале за промени и правда и дека тие 700 илјади гласови се преточени во 67 пратенички мандати кои го сочинуваат новото мнозинство.