Никола Митревски најдобар голман во СЕХА лигата за октомври

од Vladimir Zorba
316 прегледи

Македонскиот репрезентативец и голман на битолскиот Еурофарм Работник, Никола Митревски е избран за најдобар чувар на мрежата за месец октомври во регионалната СЕХА лига.

Митревски блескаше на голот во месец октомври откако запиша 48 одбрани во регионалното друштво, а со 11 интервенции беше еден од најзаслужните за големата победа над европскиот вицешампион Веспрем од 34:30.

 

Слични содржини