Никола Тодоров експресно исклучен од ВМРО-ДПМНЕ

од desk2

Поранешниот министер за здравство од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров експресно е исклучен од партијата според одлуката на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош. Решението доаѓа по едногласната одлука на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. 

Тодоров побарал да биде повикан и сослушан од дисциплинска комисија во партијата но тоа не се случи. Без никаква расправа од страна на општинските комитети тој е исклучен од партијата

Во само еден ден се организирани процедурите потребни за исклучување од партијата на Сашо Мијалков и Никола Тодоров. Ексдиректорот на управата за безбедност и контраразузнавање, исто така, воопшто не бил повикан да се брани.

Слични содржини