Николоски: Бугарија продолжува со асимилација, го уценува Македонецот и ја запира Македонија да стартува преговори за членство со ЕУ

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Крајно десничарска идеологија можеме да ја најдеме во многу земји-членки на Советот на Европа. Ќе го потенцирам примерот на Бугарија, каде претседателот на државата Румен Радев и потпретседателката Јотова спроведуваат крајно десничарско екстремистичка политика. Радев и Јотова го користат членството на Бугарија во ЕУ за да и наметнат вето на Македонија, барајќи од Македонците да ја променат историјата, јазикот и културата за да започнат преговори за пристапување, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во својот говор во Советот на Европа.

„Истовремено, тие не им даваат никакви човекови права на Македонците кои живеат во Бугарија, лишувајќи ги од правото на самоопределување, употреба на мајчин јазик и право на образование и здружување. Во последните месеци тие отидоа чекор понатаму барајќи од Македонците во Албанија да го сменат идентитетот од Македонци во Бугари. Во Албанија никогаш немало Бугари и со векови живеат Македонци. Но, Бугарија ја уценува Албанија со нејзиниот напредок кон ЕУ барајќи од нив да им наметнат нов идентитет на своите граѓани. Ќе се согласите дека ова не се европски вредности. Ова е крајно десничарски екстремизам и идеологија што се случува во 21 век. И затоа треба да се бориме.

Тие ги користат сите средства за да најдат ваков идентитет таму каде што не можат да најдат. На граѓаните им нудат пасоши кои се и ЕУ пасоши само за да се изјаснат поинаку од тоа што се. Тие го злоупотребуваат своето членство во ЕУ за да го променат националниот идентитет. Затоа барам ЕУ да ја преиспита својата политика кон Бугарија и да не дозволи злоупотреба на нивното право на државјанство и пасоши за политички цели и промена на националниот идентитет.

Така Бугарија го продолжува овој пример на национална асимилација. Го уценуваат Македонецот, ставаат вето и ја запираат Македонија да стартува преговори за членство со ЕУ, исто така не ги почитуваат човековите права на Македонците во Бугарија и не ги спроведуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права и ја уценуваат Албанија обидувајќи се да најде идентитет што не постои.“, вели Николоски.

Слични содржини