Николоски до Филипче и Пендаровски: Дали можат да набројат по еден од нивните фамилии што не е вработен во администрација?

од Nikola Popovski
717 прегледи

„Јас за разлика од Стево Пендаровски знам што значи да се работи и работам од мојата 14 година на почеток во фамилијарните бизниси каде што помагав се додека не се активирав во политиката и многу добро знам како се заработува плата. Од моето семејство и потесно и пошироко нема ниту еден вработен во јавна администрација, сите се во приватен сектор“. Вака вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатска листа, Александар Николоски откако шефот на државата направи споредба меѓу него и носителот на листaта на СДСМ и коалицијата во Изборна единица 4,  Венко Филипче.

Николоски упати директни прашања до Филипче и Пендаровски.

„Дали можат обратно да набројат по еден од нивните фамилии што не е вработен во администрација односно што работи во приватен сектор по еден нека кажат и Венко Филипче и Стево Пендаровски. Таков нема затоа што до петто колено сите се вработени во јавна администрација и ја цицаат државата“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ од посетата на Новаци.

Ова следува откако шефот на државата и кандидат за втор мандат пред два дена посочи дека „Филипче може да работи каде сака во светот, за разлика од Николоски на кој партијата му дава плата“.

„Нашиот, вашиот против кандидат во оваа изборна единица целиот свој живот бил на државни јасли или на партиски јасли. Нема еден ден работен стаж надвор од тоа. Партијата му давала работа, партијата му давала плата. Ако не е партијата не може да заработи за леб“, кажа Пендаровски од Радовиш и додаде:

„Сосема различен од нашиот Венко Филипче кој сега да посака може да биде хирург каде сака во светот и за еден месец да заработи повеќе од годишна плата и на пратеник и на министер и на претседател.“

Слични содржини