Николоски откри детали за британскиот заем и кажа која е разликата со унгарскиот кредит

од Nikola Popovski
86 прегледи

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во четврток (22-мај) патува за Лондон каде што ќе го потпише Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија. Тој ќе предводи поголема делегација во која ќе бидат и министрите Изет Меџити и Весна Јаневска.

Николоски најави дека ќе има средба и со директорот на компанијата „Ryanair“ од која очекува да произлезат и нови авиолетови за Скопје.

Вицепремиерот вели дека ништо не се крие и не се прогласува „државна тајна“ како некои претходни договори.

-Одиме школски по книга односно за да реализирате проекти, вие прво морате да обезбедите финансирање, а за да обезбедите финансирање, морате да обезбедите правна рамка. Врз основа на тоа, избирате изведувач кој што би го реализирал проектот. Договорот во четврток ќе оди на ратификување во нашето Собрание. Првиот чекор е завршен. Не е тајна дека имаме иницијални преговори, но прво мораме да го имаме договорот влада со влада. Нема да се работи за фиксно финансирање туку ќе биде врзано со проектот. Се водевме од интересите на државата и во таа насока дека волку средства колку што ние обезбедуваме, во моментов ниту една друга меѓународна финансиска институција не е во можност да ѝ ги понуди на Македонија. Не постои таква релевантна институција, а да не е од земјите кои што не се стратешки партнери на Македонија, не зборуваме за руски или кинески пари туку зборуваме за западни пари, која што е во можност наеднаш да обезбеди волку средства за земјава, кажа Николоски на прес-конференција во Владата.

Тој ја откри разликата меѓу овој и договорот со Унгарија.

-Позајмувањето од Унгарија беше за ликвидност и за проекти, а тука ќе биде само за проекти. Секогаш проектното финансирање е поевтино од финансирањето за ликвидност. Ние искористивме 500 милиони евра со поволна каматна стапка да ја вратиме, додаде Николоски.

Вицепремиерот појасни дека првичната должина на договорот „влада со влада“ со Велика Британија е 10 години, со можност да продолжи. Доколку двете страни се согласат, тоа би се продолжило.

Слични содржини