Николоски: Пендаровски да одговори колку чини ангажманот на консултантот Исеин и од која сметка се плаќа?

од Nikola Popovski
214 прегледи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска од партиското седиште праша какви консултантски услуги користел претседателот Стево Пендаровски, од како што рече, контрозверзниот консултант, Асаф Исеин, отворајќи го и прашањето дали тие консултантски услуги се само во делот на стратегии или можеби влегуваат и во изборни активности кои што се на работ на законот.

-Првото прашање е на кој начин е овој контроверзен консултант ангажиран? Уште колку лица заедно со него се ангажирани? Колку чини неговиот ангажман и кој го плаќа неговиот ангажман? Од која сметка се плаќа неговиот ангажман? Дали се плаќа од сметката на СДСМ, и ако е така зошто го нема во ревизорските извештаи на СДСМ?

Доколку пак е ангажиран за изборната кампања на СДСМ, дали се свесни во СДСМ дека прават кривично дело, имајќи во предвид дека изборните сметки се уште не се отворени и не можат да се преземаат финансиски активности поврзани со изборите.

Понатаму, се поставува прашањето дали можеби има договор со некоја државна институција и на тој начин е ангажиран, или можеби најлошото дали е можеби платен од некоја странска држава која што сака да направи услуга на СДСМ и на Стево Пендаровски.

Доколку е така се работи за тешко кривично дело имајќи предвид дека забрането е финансирање на избори од страна на странски извори и странски држави.

Според нашите сознанија во последните 20 дена 3 пати Асаф Исеин престојувал во Македонија на по неколку дена, што значи дека последните 20 дена најмалку 10-тина дена бил присутен во Македонија.

Колку пати се сретнал со Стево Пендаровски, со кој друг се сретнал од СДС, што за нив ќе прави, колку чини неговиот ангажман, кој го плаќа неговиот ангажман и зошто го нема во ниеден извештај на СДСМ, праша Николоски.

Слични содржини