Николоски штанца лаги и сее магла затоа што Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски, велат од СДСМ

од Vladimir Zorba
270 прегледи

„ДПМНЕ нема понуда за граѓаните, Николовски штанца лаги затоа што Мицкоски го загуби ТВ дуелот“, реагираат од СДСМ на изјавата на Александар Николовски.

„Познатиот извор на лажни вести и невистини, Александар Николоски штанца лаги и сее магла затоа што Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски.

Граѓаните гледаат кулминација на нервозата коишто ја манифестираат претсатвниците на ДПМНЕ додека нивната кандидатка никаде ја нема.

ДПМНЕ немаат понуда пред граѓаните ниту план за иднината, немаат што да им кажат на граѓаните. А немаат ниту поддршка од граѓаните на празните митинзи.

Затоа се нервозни и се обидуваат да ја сменат темата.

СДСМ нема да се занимава со нивните лаги. СДСМ, Ковачевски, Пендаровски имаат јасен план и визија за европска иднина и тоа го претставуваме пред граѓаните“, се додава во реакцијата.

Слични содржини