Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина” на ТВ Канал 5 откри дека владата на СДСМ и Ковачевски, ја одбила помошта на ВМРО-ДПМНЕ за набавка на гас по фиксна цена од 850 евра за 1000 метри кубни и тоа за цела 2023 година, а набавувала дупло поскап гас односно 1950 евра за 1000 метри кубни.
„Не можам да прифатам да се обидува некој да помогне, а на таа помош не се возвраќа. Еве сакам да споделам една работа ексклузивно вечерва со вас. Знаете дека ВРМО-ДПМНЕ зборуваше изминатиот период дека може да се набави или да се купи поевтино гас за Скопје за греењето на Скопје, ако сакате тоа да се рашири и за компаниите и за производство на електрична енергија. Во моментот ние сме во ситуација во која што не знаеме дали после први јануари ќе има воопшто гас, после политиките кои што ги води оваа влада и каде што главниот снабдувач со гас вчера кажа дека нема после први јануари да оперира, тој гас кој што доаѓа сега е по исклучително скапи цени. Еве пред мене имам колку набавувал ТЕ ТО како компанија и по која цена набавувал БЕГ кога го грееше Скопје, конкретно се однесува на оваа 2022 година. Просечна цена по која што е набавувано е 1569 евра за 1000 метри кубни, а владата набавуваше и по 1950 евра за 1000 метри кубни. Од контактот кој што го обезбеди ВМРО-ДПМНЕ, владата доби понуда за фиксна цена за цела 2023 година од 850 евра за 1000 метри кубни. Значи внимавајте од едната страна зборуваме за 850 евра, а друга страна зборува за 1950 евра што кога ќе се помножи со количината е заштеда од стотици милиони евра. И оваа понуда не е прифатена од владата, ги играа луѓето, дојдете вторник, четврток дадете ваква понуда, дајте онаква понуда за да можат да си ги тераат личните бизниси. И еве сега слушаме шпекулации во јавноста дека има две бугарски а една турска фирма кои што ќе ангажираат за набавка на гас“, наведе Николоски.