Николов: Покажавме дека во Штип владее демократијата,тие што бојкотираа да подразмислат малку

од Vladimir Zorba
409 прегледи

Денеска покажавме дека во Штип владее демократијата, изјави кандидатот за градоначалник на Градот од редовите на СДСМ, Сашко Николов, кој веќе прогласи победа на денешните локални избори.

– Покажавме дека секој што сака да ја блокира и опструира оваа наша преубава општина, не му е местото тука. Но ние ќе им дадеме повторно шанса на сите, да си седнат дома да размислат зошто бојкотирале, односно што се обидоа да бојкотираат и да дојдат да дадат помош да ја направиме оваа општина како што треба. Штип е град на сите, кој од која политичка партија е нас не не интересира, битно е дека СДСМ ќе го води Штип наредните 10 месеци, уште 4 години, изјави тој пред насобраните граѓани пред партискиот штаб.

Слични содржини