Николов: Владата обезбеди пари за обесштетување на овоштари од Росоман за претрпени штети од мраз

од Radmila Tasevska
262 прегледи

Со одлука на Владата обезбедени се парични средства за надомест на штета од елементарна непогода – мраз, што ги зафати земјоделските површини во текот на 2022 година, информираше попладнево градоначалникот на Росоман Стојан Николов.

– На сметките на земјоделците се исплатени парични средства во вкупен износ од 10.780.837,00 денари. Паричните средства ќе бидат на располагање во текот на утрешниот ден, соопшти градоначалникот Николов.

Тој нагласи дека се прават континуирани заложби за подобрување на животот на росоманци без разлика во кој дел од општината живеат.

Слични содржини