Николова: Минималната плата ќе расте преку социјалниот дијалог

од Vladimir Zorba

Заложбата на СДСМ е секогаш за унапредување и зголемување на платите на работниците особено тоа зголемување се однесува на минималната плата, одговори на новинарско прашање, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

„Се наошаме во период на економска криза, здравствено-економска криза но и период на енергетска криза сето тоа има влијание и во раздвижувањето на економијата и во стопанството иако се очекува дека тоа во овој период че заздравува, дека тоа раздвижување ќе следува, ќе биде уште поочигледно сепак мора да се обезбеди и едно одржливо стопанство. По реакциите на работодавачите затоа Владата седна на маса бидејќи тоа се засегнатите страни во однос на ова прашање и ние се надеваме дека овие денови веќе ќе добиеме и конкретен договор“, посочува Николова.

Слични содржини