Николова: СДСМ го штити македонскиот јазик, изгласан новиот закон за негова употреба

од Stefanija Kuzmanovska
992 прегледи

СДСМ го шити и унапредува македонскиот јазик. Во македонското Собрание пратениците го усвоија Законот за употреба на македонски јазик, изјави денеска Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Се прошируваат, вели таа, областите во кои задолжително се употребуваат македонскиот јазик и неговото кририлско писмо.

„Законот предвидува задолжително лекторирање на сите материјали, но и обврска за задолжително вработување на лектори по македонски јазик во сите јавни институции и органи на владата. Го зајакнуваме инспекцискиот надзор, се основа Инспекторат за примена на македонскиот стандарден јазик. Преземаме и конкретни мерки за зголемување на интересот кај младите да го изучуваат македонскиот јазик“, порача Николова.

Додава дека „создаваме можности за доделување стипендии на студентите кои студираат на Катедрата за македонски јазик“.

Како што наведе, грижата и негувањето на македонскиот јазик е одлика на СДСМ.

„Македонскиот јазик денеска е признат во Обединетите нации, а со потпишување на Договорот со Фронтекс тој стана дел од јазиците кои официјално се користат во Европската унија. После 24 години, обезбедивме можност за 16 вработувања, од кои 13 научници, магистри и доктори на науки во Институтот за македонски јаик“, истакна Николова.

Со буџетски средства „ја поддржавме дигитализацијата на сите картотеки во Институтот за македонски јазик, за трајна заштита на околу 5 милиони вредни записи на македонски текстови“.

Подвлече дека е поддржан и проектот за дигитализираниот „Толковен речник на македонскиот јазик“. Дигитализиран е и Правописот на македонски јазик.

„СДСМ со своите резултати и мудри политички одлуки обезбеду ефективна заштита, негување, промоција и афирмација на македонскиот стандарден јазик“, заклучува пратеничката на СДСМ.

Слични содржини