Николовска: Младите во земјава заслужуваат да имаат иднина исто како што имаат нивните врсници во Европа

од Nikola Popovski

Фаница Николовска од СДСМ за отвореното студио на ТВ 24 изјави дека програмата на СДСМ е целосно адаптирана на потребите на граѓаните.

„Изминативе 2 години имавме интезивен контакт со граѓаните и така ја донесовме програмата. Воведуваме нова економија, рестарт на македонската економија. Граѓаните бараат нови работни места, зголемување на просечната плата и на пензиите“, вели Николовска.

Според неа, СДСМ гради држава во која младите ќе можат да ја гледаат својата иднина.

„Тие заслужуваат да имаат иднина  иста како што имаат нивните врсници во Европа. Воведуваме и ред, правда и дисциплина. Законот мора да биде еднаков за сите. Клучен столб е и градењето еко-држава. Воведуваме нови еколошки стандарди и поголема контрола на загадувачите“, изјави Николовска.

За неа, градот Тетово, кој спаѓа во ИЕ6, бил синоним за чист воздух и таа повтори дека ќе се труди овој стандард да биде особено застапен во шестата изборна единица.

Слични содржини