Николовски ќе ги соопшти имињата на кандидатите за градоначалници

од Берта Китинска
182 прегледи

Извршниот одбор на СДСМ вчера вечер одржа седница на која беа дефинирани уште неколку нови, дополнителни кандидати за градоначалници, информираат од партијата.

-Во текот на денешниот ден генералниот секретар и шеф на изборен штаб Љупчо Николовски, ќе ги соопшти утврдените кандидати. Сите кандидати се дел од најдобрата понуда на СДСМ. Како што веќе најавивме , СДСМ во фази ја објавува победничка понуда со која излегува пред граѓаните како фаворит на локалните избори, сопштија од СДСМ.