Николовски: Минималната плата се зголемува, овојпат на историски највисоки 14.500 денари

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Политиките на СДСМ кои обезбедуваат раст на платите и повеќе пари кај граѓаните се на прав пат и истите се нашите ветувања од 2016 година. – порача денес на прес конференција Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

-Минималната плата повторно, согласно нашата промена се зголемува, овојпат на историски највисоки 14.500 денари. Тоа е зголемување за нови 2.000 денари, значително повеќе од досегашните 12.500 денари. Ние враќаме пари кај граѓаните, кај работниците, наместо за споменици и жални врби како што тоа се правеше повеќе од 10 години. – рече Николовски.

Николовски на денешниот прес рече дека кога во 2017 ја добиле одговорноста да управуваат со државата и со процесите, иако минималната плата изнесувала 10.800 денари, во текстилната и кожарската индустрија, каде што работат голем број работници, платата била, како што вели едвај 9.000 денари.

-Таа социјална, работничка неправда започнавме да ја исправиме, ја зголемивме минималната плата на 12.000 денари и таа важеше за сите работници, во сите сектори, во сите индустрии, без исклучок.Со законското усогласување годинава таа порасна на 12.507 денари, а со последната одлука минималната плата ќе изнесува 14.500 денари.

Николосвки дополнително, истакна дека со ова новото покачување, Република Северна Македонија има највисока минимална плата во регионот на Западен Балкан, односно имаме поголема минимална плата споредено со Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора.

Слични содржини