375
Преседанот на ДИК за продолжување на времето за гласање на некои избирачки места е добро за избирачите, смета новинарот Љубиша Николовски.
Според него, сите избори не завршуваат веднаш.
-Не можам да кажам дали оваа одлука е арбитрарна. Ќе има проблем, ќе има забелешки, не секаде има двор за да се затвори вратата од избирачкото место, смета Николовски.
Тој истакнува дека битката е балансирана и изедначена.
-Мислам дека никој нема да биде незадоволен. Многу луѓе сепак не знаеја за кого ќе гласаат до самиот момент. Видов луѓе кои ги читаа бројките и листите на самите врати објавени на избирачките места. За жал, добар дел од граѓаните некаде и не ги знаат надлежностите на градоначалниците и општините, потенцира Николовски.