Николовски: На 17-ти мај пред 6 години, со срце „дојдовме“ да ги вратиме слободата и демократијата

од Nikola Popovski
157 прегледи

„17 мај 2015 година, денот за промена, денот кога заедно со граѓаните тргнавме да ги поразиме режимот и диктатурата. Денот кога со срце ‘дојдовме’ да ги вратиме слободата и демократијата“, објави вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски на својот Фејсбук профил.

Според него, благодарејќи на обединетоста, одлучноста, истрајноста и храброста која што ја покажавме, денеска живееме во демократска и праведна држава, полноправна членка на НАТО, држава на сигурен пат кон ЕУ, земја пријател на светот.

И премиерот Зоран Заев се огласи по повод денешниот ден.

„На денешен ден пред 6 години, на 17 мај 2015 година, се развеаја знамињата на сите наши заедници на масовниот и гласен граѓански протест „Граѓаните за Македонија“ на кој над 70 граѓански организации и десетици илјади граѓанки и граѓани се обединија за да си ги вратат државата и општеството од оние што ги имаа заробено, пишува Заев.

Тој нагласи дека овој голем протест, на кој денеска гордо се сеќаваме, го означи почетокот на процесот со кој се обедини и се солидаризираше најразновидното мнозинство од граѓанскиот и политичкиот спектар за да се врати демократијата и владеењето на правото и правдата.

Слични содржини