„Во изминатите два месеци, преку активностите од врата до врата, посетивме и пруживме рака на повеќе од 220.000 семејства низ целата земја“, сподели генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Од летото до сега, реализиравме 680 маалски и урбани средби и 400 теренски посети на одговорните партиски функционери низ општинските организации. Одржавме над 300 средби со граѓани во локалните средини од општинските организации. На централно и локално ниво под наше покровителство се организираа 250 хуманитарни настани, манифестации, работни акции за да им се помогне на оние на кои тоа им е најпотребно“.

Организиравме над 30 трибини во цела држава под слоганот „На прав пат“ на кои граѓаните масовно присуствуваа и комуницираа со партиското раководство на различни теми. Во овој период се реализираат 15 програмско-тематски трибини „Агенда 20-24“ на кои заедно со граѓаните гледаме напред во иднината и ја креираме програмата на СДСМ за мандатот 2020 – 2024.

Знаеме што правиме – одиме со храбри, сигурни и одговорни чекори. Заедно со граѓаните создаваме програма со која гарантираме дека земјата ќе продолжи забрзано по патот на развојот по кој тргнавме во 2017 година. Одиме на сигурно, создаваме план со кој точно ќе се знае каде оди државата.

Нашата програма забрзано ќе ја развива Северна Македонија како земја на слободни и одговорни луѓе. Мажи и жени. Граѓани кои веруваат во различни работи, живеат на различни начини, но се согласни дека државата ни припаѓа на сите подеднакво и дека е наша заедничка одговорност“, посочува тој.

Слични содржини