Николовски: Не им беше доволна блокадата на законите во интерес на земјоделците, па сега тргнаа во блокада на програмите за поддршка на малите винарии и производители на храна

од Vladimir Zorba

„Апсолутно не ми е јасно како може некој што е дополнителен заменик, или има било каква позиција, да биде и да се сврти против 2.500 мали опретаори со храна, кои што претходно ги немало, а кои што се сега се регистрирани согласно правилниците за флексибилност од праг, донесени врз база на закон со кои што сме овозможиле многу полесна регистрација”, истакна министерот Николовски одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на дополнителниот заменик министер Трипуновски, дека програмите за мали винарии и мали производители на храна се незаконски, како и дека грантовите се доделуваат селективно.

Министерот Николовски дополни дека целиот овој пакет на поддршка и сите програми донесени за развој на малите опреатори со храна од животинско потекло, за малите опертори храна од неживотинско потекло, за малите дестилерии и за малите семејни винарии се согласно законот за извршување на буџет.

Токму во овој закон точно се предвидени средствата и процедурите врз кој е донесена секоја програма за поддршка на малите оператори со храна и вино, почитувајќи ги сите процедури и со согласност од Секретаријаот за законодавство и Министерството за финансии.

„Најмалку од се овде има некаква селективност. Нема ниту еден случај во кој што некој што е регистриран во Еднинствениот регистрар за земјоделски стопанства, некој кој што е регистриран во Агенцијата за храната и во Регистарот за вино, да биде одбиен од оваа поддршка. Нашата цел беше сите да добијат, нашата цел беше да не се делат, да нема подделби во тој дел, туку да обезбедиме повеќе средства за сите. Не разбирам како некој што претендира да биде министер се бори за помал земјоделски буџет, наместо да се бори за повеќе средства ,кои што доаѓаат токму во ресорот земјоделие”, истакна министерот Николовски.

Се гордееме на овие програми бидејќи тие се препознатливи за државата. Малите винарии се успешан приказна со која се гордееме. Јасно се гледа дека тој кој што се обидува да ги кочи и блокира законите што се предложени во интерес на земјоделците, сега сака да ги кочи и оспорува програмите за поддршка на малите винарии и малите производители на храна.

„Токму македонските семјени винарии станаа брендот, по кој што сме ние препознаени насекаде и нема тука делби, селекции. Има само еден кој што нема добиено, а тоа е човекот позади мене, кој што е раководител на секторот и неговото семјество на првиот оглас, но и сега нема добиено грант. Но имат добиено сите други, а од сабајле ми се изнајвија еден куп, да ми ги кажат, кои советници од ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, кои претседатели на комитети од целиот регион, кои градоначалници, бивши градоначалници, кандидати од целиот тој регион што имаат добиено грантови”, истакна министерот Николовски.

Тој упати порака до медиумите да ги посетат сите мали винарии ширум државата и да ги пробате нивните вина, промовирајќи ги успешните приказни на малите винарии и развивајќи го винскиот туризам.

„Ниту имало некаква селекција, ниту ќе има во реализацијата на програмите. Се обезбедија секогаш средства за сите. Сум се борел за да има средства за сите, да нема селекција, да нема рангирање. Значи ова се програми во кои што ниту имало рангирање, ниту имало селекција. Туку едноставно сите оние, кои ги исполнија условите добија поддршка, за да денеска државата биде препознаена по тоа македонско вино и заради тоа што без таа поддршка од 10.000 евра, воопшто немаше да се родат и никнат 174 нови македонски винарии кои што треба сите да ги промовираме, да ги поддржуваме и да се гордееме”, истакна министерот Николовски.

Слични содржини