Николовски: Постојано поттикнуваме дебата за да носиме исправни политики

од Nikola Popovski
168 прегледи

„Не може сите делегати да имаат исто мислење по сите прашања. Ние го поттикнуваме различното мислење и дебата. Дури и во раководството на партијата сме имале различни ставови по одредени прашања, па нија постојано ја поттикнуваме дебата за да изградиме исправни политики“ кажа генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер, Љупчо Николовски во гостувањето на вестите на Сител ТВ.

Тој додаде дека и покрај различните мислења и ставови, сепак Конгресот на партијата бил единствен во одлуките и дека новата генерациска промена и трансформација добила огромна поддршка.

„Единството во СДСМ е основа и база на победите и на промените. Тоа сме го докажале и во 2017, кога граѓаните се кренаа и дојдоа по промените и срушија режим. Тогаш бевме единствени и денес сме единствени“ кажа Николовски и додаде дека како партија, СДСМ е целосно насочена кон справување со здравствено-економската криза.

Тој објасни дека Владата испорача мерки и била одговорно поставена кон граѓаните и покрај блокадите од опозицијата.

„Сега се отвораат и нови поглавја во политиката на СДСМ – зелени политики, враќање на младите во татковината, борбата против корупцијата и криминалот. Вчера испорачавме и кадровска и програмска нова полтитика и ги повикувам сите да го следат тоа, наместо само голо да критикуваат. Треба сите да станеме покомпетитивни и да настапиме пред македонските граѓани со јасна и прецизна понуда“, рече Николовски.

Слични содржини