Николовски потврди дека никој од ДУИ не купил земјиште на трасата на автопатот Скопје–Блаце, порачаа од партијата на Ахмети

од Nikola Popovski
77 прегледи

Демократската унија за интеграција оценува дека големата лага на ВМРО-ДПМНЕ и министерот Александар Николовски била целосно демантирана, откако, како што велат, самиот Николоски во Собранието потврдил дека никој од редовите на ДУИ не купил земјиште на автопатското решение Скопје – Блаце, како што претходно обвинуваше, се вели во денешното соопштение на ДУИ.

ДУИ пред извесно време побара од Николоски јавно да ги соопшти сите имиња на функционери на ДУИ кои, според него, купувале плацови каде што поминува трасата на автопатот Скопје – Блаце.

-Николоски вчера во Собранието се демантираше себеси и ВМРО-ДПМНЕ. Дневните брифинзи на Владата, како за Коридорот 8, така и за автопатот Скопје-Блаце, покажуваат несериозност и леснотија на ширење лажни вести од самата влада и владините министри без етнички легитимитет. Граѓаните се убедени дека тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН треба да се земат со голема резерва бидејќи се предомислија за секое прашање и ги негираа сопствените лажни обвинувања, велат од ДУИ.

Вчера на седницата за пратенички прашања, вицепремиерот и министер за транспорт ги покажа документите, за кои рече дека по првпат излегуваат во јавноста, со кои се потврдува дека проектот намерно се одолговлекувал и се спроведувал на начин со цел една фирма да го добие тендерот за изградба на тунелите.

„Техничкиот консултант, компанијата ‘Суец’, што била избрана како техничка поддршка во изведба на автопатот Скопје – Блаце, преку писма го предупредувал поранешниот директор на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, дека трошоците за проектот пораснале од 172 на 240 милиони евра оти двапати се правела промена на проектната документација. Истата компанија предупредува дека тунелите се погрешно проектирани и не се проектирани согласно европските стандарди“, рече тој.

Николоски продолжи со излагање на содржината на документите:

„Во последниот документ од ‘Суец’ од септември годинава испратено до новиот директор Коце Трајановски се вели дека намерно тунелите се погрешно проектирани и не се според европските стандарди. Кога би имало тендер што би го распишал Рустеми, само една компанија може да го добие и да гради такви тунели. Но, ниту јас, ниту Коце, ниту премиерот, ниту ЕБРД не се наивни да финансираат криминал. И овие податоци не ги кажувам јас, туку ‘Суец‘, најголемата компанија што го градела Суецкиот канал“, кажа министерот.

Посочи дека компаниите „Јубај 2 Амет“, „Фрукта фрута“, „Кадис холдинг“ и „Атлантик ДООЕЛ“ се тие што ги купиле плацовите од физички лица каде што е предвидено да поминува трасата на автопатот, а плацовите биле препродавани дури неколкупати.

Слични содржини