Николовски: Се гради низ целиот исток, се она што го правиме се прави после 30, 40, 50 години

од Nikola Popovski
225 прегледи

Во време на СДСМ отстранети се сите пречки и изграден е автопатот Скопје-Штип, изграден е експресниот пат од Три Чешми до Крупиште, а во петок ќе биде пуштен патот од Крупиште до Пробиштип, еден од главните приоритети, битен инфраструктурен капитален проект, особено за Пробиштип, изјави генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Пробиштип.

Според него, се гради низ целата трета изборна единица.

-Се гради низ целиот Исток, се гради експресниот патот од Ранковце до Крива Паланка, од Крива Паланка до Деве Баир, се гради експресниот пат накај Кочани, се изградија сите регионални патишта во регионот и се она што го правиме се прави после 30, 40, 50 години, нагласи Николовски.

Тој додаде дека денеска покажале не на било која анкета, туку на анкета на Брима, дека СДСМ има водство пред ВМРО-ДПМНЕ и тоа водство се зголемува, дека заедно со коалицијата имаат сериозно водство, дека го имаат единствениот концепт кој нуди подобра иднина и за младите и за сите граѓани во оваа држава.

Слични содржини