Николовски: Сега е моментот за избори, кога ситуацијата ја држиме под контрола (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Изборите се решение! Тоа е нашата порака! Решение затоа што ќе им дадат полн легитимитет на законодавната и извршната власт, на ново Собрание и Влада. Решение затоа што ќе создадат простор за подобра и понавремена подготовка пред вториот бран на вирусот наесен. Решение кое гарантира најголема заштита на здравјето на граѓаните и најдобри услови за рестарт на економијата.“, изјави денеска Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 3.

„Никој не знае колку ќе биде голем и какви последици би донел тој нов бран на коронавирус на есен, за што предупреди и Светската здравствена организацијата. Затоа сега е моментот, кога ситуацијата ја држиме под контрола. На државата на граѓаните и се потребни институции, функционално Собрание, политичка Влада со пренесен легитимитет од граѓаните. Така, државата уште подобро би се справила со тоа што не чека на есен“, вели тој.

Слични содржини