Николовски: Со СДСМ евтина тарифа на струјата и субвенционирање на сметките до 90 отсто

од Stefanija Kuzmanovska
286 прегледи

Над 1.000 денари заштеда на месечната сметка за струја за домаќинствата, ќе донесе дневната евтина тарифа што втор ден е на сила. Со СДСМ секој добива повеќе. Враќањето на евтината тарифа е во вистинско време, затоа што трошоците на граѓаните се зголемуваат во период на зима, изјави Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ на денешната прес-конференција.

Мерката, како што наведе тој, е воведена за сите, но најмногу за оние кои внимаваат и штедат – посебно за пензионерите кои најмногу ќе ја користат.

Додава дека секој ден од 13.00 до 15.00 часот граѓаните имаат зголемена можност за евтина струја и цел ден недела. Практично тоа е повеќе од 50% евтина цена за струја во текот на цела седмица, вели Николовски.

„Инвестициите во обновливите извори на енергија коишто ги направи СДСМ во изминатите години носат бенефит за сите граѓани. Над 600 мегавати чиста зелена енергија, реализирани проекти кој овозможија да се ослободат евтини часови струја за домаќинствата. Преполовен е увозот на струја од 30 на 15% благодарение на овие инвестиции и цената на електричната енергија во време на енергетска криза е стабилна. Допонително го штитиме домашниот стандард на народот и мерката за субвенционирање на сметките за струја во висина од друри 90%“, истакна тој.

Вака една одговорна Влада, со јасна стратегија, се грижи за стандардот на граѓаните, подвлече Николовски.

„Ова е вистински патриотизам на дело, грижа за граѓаните, за иднината на земјата“, заклучи тој.

Слични содржини