Николовски: Три години по насилството од 27 април, од држава на раб на граѓанска војна, денес сме членка на НАТО

од Берта Китинска
197 прегледи

По повод 3 години од настаните во Собранието на 27-ми април, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски изјави дека тој датум е симбол на насилство, бруталност, агонија, страв и неизвесност, како и на погазување на демократијата и уставниот поредок.

„Денеска, и по три години, кај секој од нас кои бевме во Собранието тој ден се уште се свежи сликите на бруталното насилство, на омразата, сликите на крвта која се пролеа во законодавниот дом. Тие слики и снимки, засекогаш ќе останат да сведочат за бруталноста, за безмилоста и монструозноста на еден режим кој цела деценија ја држеше државата во заложништво. Тој ден, ниту јас, ниту пратениците, ниту новинарите и вработените во Собранието, нема никогаш да го заборавиме. Тоа нема да го заборават ниту граѓаните. Нема да заборавиме на што се се подготвени ВМРО-ДПМНЕ и колку далеку можат да одат само за спречат демократска промена на власт“, рече Николовски.

Како што додаде, ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски, креирала сценарио во кое требало да бидат убиени луѓе, да предизвикаат војна и да ја уништат секоја шанса за прогресивна иднина на нашата земја.

Сепак, рече Николовски, победиле желбата за правичност, за слобода и демократија, а денес од изолирана држава на раб на граѓанска војна, Северна Македонија е членка на НАТО и започнува преговори со ЕУ.

Слични содржини