Тоа зависи од трговските партнери. Нашиот дел заврши. Работата на државата заврши. Нашиот дел беше да ја тргнеме забраната на Србија, изјави министерот за земјоделство и шумарство, Љупчо Николовски пред новинарите за тоа кога се очекува најавената испорака на жито од соседна Србија.
Николовски соопшти дека во Белград биле информирани дека и многу европски земји бараат испорака на жито од Србија.
-Приоритет имаат земјите од Отворен Балкан. Македонија и Србија се основачи. Ние сега имаме отворен пазар, дијалог, соработка. Искомунициравме за количините со сите компании. Договорот кој што е постигнат е дека се отстранува забраната и ќе се реализираат сите договори меѓу трговските партнери. Ние како држава не ги договараме количините, туку ги креираме политиките и да ја тргнеме забраната. Очекуваме следната недела да помине на одлука на Влада во Србија и веднаш да почне транспортот. Очекувам следната недела да бидат завршени сите формалности, информира Николовски при посетата на фабриката за сончогледово масло „Брилијант“.