Николовски: Влашката заедница низ историјата несебично го давала својот придонес во борбата за слобода

од Nikola Popovski

„Почитувани сограѓани, припадници на влашката заедница ми претставува особена чест да ви го честитам 23 Мај – Националниот ден на Власите, со желба за добро здравје среќа и бериќет“, вели Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски по повод Националниот ден на Власите.

Според него, на овој ден ја одбележуваме посебноста на Власите, како дел од нашето мултиетничко општество и почитта кон влашката традиција, култура и јазик, како значаен дел во мозаикот на мултикултурализамот во нашата држава.

„Влашката заедница низ историјата несебично го давала својот придонес во борбата за слобода, државност и независност. Денес продолжува да придонесува во градењето на нашето современо општество, заедништво и меѓусебно почитување.

Честит 23 мај, Национален ден на Власите!“, стои во честитката на Николовски.

Слични содржини