Николовски: Во вторник ќе биде донесена одлука за употреба на службените возила

од Берта Китинска

Во вторник Владата на седница ќе донесе одлука со прецизни детали за ограничување на употребата на службените возила на функционерите. Во членот 2 и членот 5 од одлуката која е во владина процедура, се предвидува дека службените возила нема да можат да користат за приватни потреби, кажа вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски во емисијата „10 Минути“.

„Во владина процедура во вторник ќе биде донесена одлука за употреба на службените возила која што точно и јасно ќе пропишува кој може да располага со службеното возило кај директорите на централно и локално ниво. Одлуката предвидува да не може да се користи службено возило за одење дома од работа и за одење од дома на работа.По извршувањето на службеното дејство возилата ќе мора да се паркираат на точно утврдени места “, рече Николовски.

Слични содржини