Николовски: Заев денес лажеше

од Nikola Popovski

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски изјави дека премиерот Зоран Заев денес лажел во судот, со што направил кривично дело.

„Тој кажа дека не знаел дека целокупниот врв на СДСМ на чело со тогашниот генерален секретар на партијата, тогашниот заменик претседател на партијата Радмила Шекеринска, министерот за здравство Венко Филипче, градоначалникот на Карпош Стефан Богоев и останати лица имале средби со Боки 13-ка. Втората лага е дека ние денеска разбравме всушност дека посетите на домот на Боки 13-ка и оние снимки кои што ги видовме, всушност биле дел од активностите “врата до врата” на политичката партија СДСМ, а третата работа која што ја разбрал денеска на судењето е дека во Македонија не биле рекетирани бизнисмени од страна на врвот на СДСМ, туку ним им биле промовирани инвестиции“, додава Николовски.

Заев го тужи Николовски за изјава дадена во август 2019 во контекст на случајот „Рекет” во која го обвинува дека е на врвот на пирамидата што изрекетирала над 20 милиони евра. Завршните зборови за случајот се закажани за 4 октомври.

Слични содржини