Првиот грчки дипломат Никос Коѕиас денеска ја почнува петдневната посета на САД. Ќе се сретне и со медијаторот Метју Нимиц.
МНР на Грција не соопшти повеќе детали за најавената средба со Нимиц, а засега ни грчките медиуми не шпекулираат ништо.
Коѕиас денеска во Вашингтон ќе се сретне со американскиот државен секретар Џон Кери, а во програмата се предвидени средби со членови на Сенатот и Конгресот, како и со советникот за национална безбедност Сузан Рајс.
Шефот на грчката дипломатија во петок на 24 април во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на ОН Бан Ки -Мун, и медијаторот Метју Нимиц.
