Нилсен: САД нема да го добијат Гренланд

од Даниел Ѓорѓиевски
175 прегледи

САД нема да го добијат Гренланд, изјави денеска на Фејсбук премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, како одговор на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да ја преземе контролата врз оваа самоуправна автономна територија под суверенитет на Данска.

„Претседателот (САД) Доналд Трамп вели дека Соединетите Држави го добиваат Гренланд. Дозволете ми да бидам јасен: САД не го добиваат тоа. Ние не припаѓаме на никој друг. Ние сами ја одредуваме нашата иднина“, нагласи Нилсен, пренесе Ројтерс.

Трамп повторно навести дека може да употреби воена сила за да го преземе Гренланд, објави Политико.

Слични содржини