535
Владата на Бојко Борисов не си ја заврши работата со Северна Македонија уште за време на бугарското претседателство и тоа се претвори во неуспех на нашата земја во надворешната политика, изјави лидерот на БСП, Корнелија Нинова за „Дарик Радио“.
„Според нас, имаме единствена национална позиција во заштита на бугарскиот национален интерес. Имаме различни нијанси во анализа на ситуацијата. Владата пропушти години да спроведе едни добрососедски преговори, разговори, да го стабилизира исполнувањето на Договорот за добрососедство. Ние како партија и како парламентарна група го поддржавме договорот. Тој беше прифатен речиси едногласно. Ги направивме сите чекори за проширување на ЕУ кон Балканот“, вели Нинова.